Романија подигна борбени авиони по упад на руски дрон
Романија реагираше со подигнување борбени авиони откако руски дрон го повреди нејзиниот воздушен простор за време на нападите врз инфраструктурата на Украина. Дронoт навлезе околу 10 километри во руманската територија и леташе речиси 50 минути, следен од авионите до границата, каде исчезнал од радарот.
Претходно, и Полска распоредила свои и сојузнички авиони и затворила аеродроми поради заканата од руски дронови. Американскиот државен секретар Марко Рубио го оцени упадот како „неприфатлив и опасен“, нагласувајќи дека не е јасно дали бил намерен.
Полските власти, исто така, ги отфрлија тврдењата на Доналд Трамп дека упадот бил случаен, додека Русија тврди дека не планирала да ја погоди Полска.







