Американскиот претседател Доналд Трамп во видео објавено на Truth Social изрази длабока тага и гнев поради атентатот врз конзервативниот активист Чарли Кирк.
„Чарли инспирираше милиони. Вечерва сите што го познаваа и го сакаа се обединети во шок и ужас. Тој беше патриот кој го посвети својот живот на слободната дебата и на татковината што толку многу ја сакаше – Соединетите Држави,“ рече Трамп.
Тој го опиша Кирк како „симбол на вистината и слободата“ и „човек со длабока вера“, додавајќи дека утеха наоѓа во верувањето дека Кирк „сега е во мир со Бога“. Претседателот изрази сочувство до неговата сопруга и деца, истакнувајќи: „Ова е мрачен момент за Америка.“
Трамп најави дека неговата администрација ќе ги пронајде и казни сите одговорни за злосторството, предупредувајќи дека „екстремното левичарско политичко насилство премногу често ја потресува нацијата“.
Во пораката тој потсети и на претходни инциденти – обидот за атентат врз него и убиството на извршниот директор на UnitedHealthcare, Брајан Томпсон.






