Украинските медиуми објавија мапа со деталите од синоќешните руски напади врз Украина, при што главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лвов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Дел од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска – според украинските извори, дури 14 руски дронови ја нарушиле полската воздушна граница.
Во Полска, беспилотните летала што претставуваа непосредна закана беа соборени со помош на полски и холандски борбени авиони Ф-35. Во регионот Лублин едно дрон летало удри во куќа, а во источна Полска, во градот Вирики, дрон или сличен објект удри во станбена зграда – за среќа, немаше повредени, но покривите беа оштетени.
Полскиот премиер Доналд Туск го оцени инцидентот како „чин на агресија“ и потенцираше дека НАТО активно реагирал, вклучувајќи привремено затворање на аеродромите, вклучително и Варшава. Ситуацијата ги подигна алармите во Брисел и го зголеми вниманието на меѓународната заедница кон украинско-полската граница.







