НАТО реагира внимателно на упадот на руски дронови во Полска
НАТО не го третира упадот на руски дронови во полскиот воздушен простор како директен напад, иако прелиминарниот извештај покажува дека станува збор за намерен упад на шест до десет беспилотни летала, изјави неименуван извор за Ројтерс.
„Ова не е првпат авионите на НАТО да бидат подигнати поради потенцијални закани во воздушниот простор на сојузниците“, посочува изворот. Радарските системи „Патриот“ детектирале дронови, но не ги обориле.
Во операцијата биле вклучени полски ловци Ф-16, холандски Ф-35, италијански авиони за разузнавање AVAKS и авиони за дополнување гориво, под заедничко командување на НАТО.
Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, соопшти дека денес на редовната седница ќе се дискутира одговорот на Алијансата, а генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е во постојан контакт со полскиот државен врв.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, исто така оцени дека упадот бил намерен и дека е во комуникација со НАТО и Полска. Полските власти соопштија дека успеале да соборат неколку дронови, а остатоци од едно летало биле пронајдени во близина на Лублин.







