Полските власти синоќа го затворија меѓународниот аеродром во Варшава, а полски и НАТО авиони беа кренати во воздух поради руски беспилотни летала што го нарушија воздушниот простор. Армијата потврди дека леталата се неутрализирани и дека воената операција е во тек.
Премиерот Доналд Туск информираше дека е во постојан контакт со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и дека лично е во оперативниот штаб. Полските сили употребиле оружје против дроновите, а се бараат и нивните остатоци.
Поради акцијата, затворени се делови од воздушниот простор над Варшава и источните региони Подласко, Мазовско и Лублинско, кои граничат со Белорусија и Украина.
Министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш потсети дека ова не е прво вакво нарушување од почетокот на војната во Украина.
Оперативната команда соопшти дека и авијацијата и копнените системи за одбрана се на највисоко ниво на готовност.






