Висок претставник на Белата куќа за BBC потврди дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп била однапред информирана за израелскиот воздушен напад врз Доха.
Нападот, насочен кон раководството на Хамас, предизвика дилеми за степенот на американска вклученост, особено поради присуството на околу 10.000 американски војници во Катар – еден од клучните сојузници на САД надвор од НАТО.
Повеќе детали од американска страна се очекуваат вечерва преку портпаролката Каролин Левит, а првото појавување на претседателот Трамп е најавено за 22:30 часот по европско време.






