Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Денеckа подарете мартинkа, 3а cреќа и бериќет

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-03-01
in Uncategorized
Денеckа подарете мартинkа, 3а cреќа и бериќет

Секоја година на денешен ден, многу од тиквешаните закачуваат мартинки на своите раце или ревери. Тие веруваат дека носењето на мартинките до 22 март ќе им донесе среќа во животот.

​-Така е, токму поради верувањето дека овој своевиден ритуал носи радост, адетот за носење мартинки се пренесува со герерации. Така било, така е и така ќе биде секој март во годината. Имам 72 години, а мартинки ми врзуваа на раката или на реверот уште од кога знам за себе, од најмали нозе, рече за МИА кавадарчанката Љубица Минова, која децении наназад има изработувано мартинки за своите најблиски, но и за роднини и пријатели.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Таа ​раскажа дека се изработуваат од бел и црвен конец, кои се сукаат на посебен начин.

– Не е тоа само обично испреплетување на двата конца. Може да бидат од волница, но и од свилен или памучен конец. Зависи од фантазијата на мајсторот што ги изработува, тие можат да бидат за врзување на рака, како топчиња или коцкички, па и мини куклички или машнички за на ревер. Црвената боја значи крв, живот и љубов, а белата, чистота, среќа, објасни таа.

​Минова појасни дека сите ги носат за зравје и среќа, а учениците плус и за успех во училиште, младите за среќа во љубовта и нивните сакани да се лепат за нив, како што се речиси залепени белиот и црвениот конец, а возрасните за резултати во работата и животот.

​– Мартинките се носат до 22 март. После тоа се вадат. Различни луѓе потоа различно постапуваат со нив, иако сите понатамошни ритуали се исто така поврзани со желбата за среќа. Едни ги закачуваат на родовити дрва што цутат, за напредок, други ги ставаат под камења за плодност, додаде Минова.

Мартинки носат и млади и стари, но најмладите особено им се радуваат.

Многу други граѓани потврдија исто така дека ја почитуваат традицијата.

– Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец, за здравје и против уроци. Мартинките се носат до појавата на првото процветано дрво или до првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен и по нив се гази. Ако после еден месец под каменот има мравки, се верува дека годината ќе биде бериќетна, се дел од верувањата.

Previous Post

Нов 3акон: Нема веќе машkи или женckи пол

Next Post

„Волците“, синоним во регионот за врвна обученост (Видео)

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
„Волците“, синоним во регионот за врвна обученост (Видео)

„Волците“, синоним во регионот за врвна обученост (Видео)

Recommended

Утре е Велика сабота – ден меѓу смртта и воскресението

Утре е Велика сабота – ден меѓу смртта и воскресението

8 months ago
Заев доби кривична пријава од Јадран филм: 3лосторничко здружување на чело со премиерот Зоран Заев

Заев доби кривична пријава од Јадран филм: 3лосторничко здружување на чело со премиерот Зоран Заев

4 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.