Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Во првата недела од септември, полицијата уапсила 32 возачи и напишала 5.171 казни

by
2025-09-09
in Uncategorized
Во првата недела од септември, полицијата уапсила 32 возачи и напишала 5.171 казни

Во првата недела од септември 5.171 сообраќаен прекршок, лишени од слобода 32 возачи поради безобзирно управување со возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

Во текот на вчерашниот празничен ден (08.09.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 781 издадени платни речиси третина односно 254 налози се однесуваат за возење со брзина поголема од дозволената, а потоа следат 106 прекршоци за возачи кои што управувале возила без возачка дозвола, како и за возачи кои што неправилно престигнувале – 129 прекршочни санкции. Понатаму, вчера евидентирани биле 46 прекршочни казни за користење на мобилен телефон и 47 прекршоци заради неносење сигурносен појас, додека пак за неправилно паркирање изречени биле само 30 прекршочни платни налози. Исто така 15 лица кои што управувале мотоцикли се санкционирани заради неносење заштитен шлем, 17 возачи се отстранети од сообраќај заради детектирано присуство на алкохол во крвта, а четворица заради минување на црвено светло. Воедно, вчера на осуммина возачи се лишени од слобода и им се поднесени кривични пријави по основ на чл. 297-а од КЗ на РСМ („безобзирно управување со моторно возило“) од кои што двајца заради присуство на над 1,5 промили алкохол во крвта, петмина заради недозволена брзина на движење надвор од населено место и еден заради претекнување на возило на непрегледно место. Наспроти прекршоците согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, согласно одредбите од Законот за возила вчера од сообраќај биле исклучени 15 возила заради тоа што немале валидна регистрација, како и шест возила кои што биле технички неисправни.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Сумарно гледано во првата недела од овој месец, односно од 01.09.2025 заклучно со 08.09.2025 полициските службеници издале вкупно 5.171 платен налог од кои согласно статистичките податоци 1.765 прекршоци се однесуваат на непрописна брзина на движење, 1.020 за непрописно паркирање, и дури 503 прекршоци за возачи што управувале без возачка дозвола. Покрај ова во првата недела од септември регистрирани се 170 казни за пешаци, потоа 176 прекршоци по основ на користење на мобилен телефон и 228 прекршоци по основ на неносење сигурносен појас, а евидентирани се и 116 прекршоци за прекумерно присуство на алкохол во крвта, 29 минувања на црвен семафор како и 119 прекршоци кај мотоциклисти кои што неноселе заштитен шлем. По основ на Законот за возила од сообраќај се исклучени 112 возила без соодветна регистрација и 23 кои што биле технички неисправни.

Инаку првата недела од септември ја карактеризираа и поднесените 32 кривични пријави за возачи и истите се лишени од слобода по основ на чл.297-а („безобзирно управување со моторно возило“) од кои што 14 кривични пријави се однесуваат на прекумерно количество алкохол на во крвта, а 17 за возење со брзина поголема од дозволената (и само во еден случај за претекнување на непрегледно место).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Previous Post

Израелската армија нареди евакуација на жителите на Газа пред новата офанзива

Next Post

„Сите за Палестина“ протест пред МНР

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
„Сите за Палестина“ протест пред МНР

„Сите за Палестина“ протест пред МНР

Recommended

Се уште доминира: Меси со неверојатен гол од слободен удар [ВИДЕО]

Се уште доминира: Меси со неверојатен гол од слободен удар [ВИДЕО]

6 months ago

Приватните превозници од утре се враќаат на градските улици но со редуциран возен ред

1 year ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.