На 06.09.2025 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 34-годишниот А.Џ. од Битола, кој со патничко возило „алфа“ со битолски регистарски ознаки возел со брзина од 104 километри на час низ населено место Новаци, каде ограничувањето е 50 километри на час.
По документирање на случајот, против А.Џ. ќе следува кривична пријава за кривично дело „Безобѕирно управување на моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик на РСМ.
Полициските службеници апелираат до возачите да ги почитуваат ограничувањата за брзина и да возат внимателно, за да се избегнат трагични последици.






