На 06.09.2025 околу 15:10 часот на Граничен премин Ново Село, кон Р.Бугарија, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода Б.В.Г. (19) од Р. Бугарија. На прашањето дали има нешто да пријави, Б.В.Г. рекол дека нема ништо, но при преглед на возилото „фолксваген голф“, со бугарски регистарски ознаки, кое го управувал, под возачкото седиште се пронајдени сигнален пиштол, една кутија од пиштол, три кутии со муниција за гасен пиштол, два ножа и други предмети. Известен е јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






