Покривот на супермаркет во местото Лауринген, во германската покраина Баден-Виртемберг, се урна вчера попладне, при што беа повредени четири лица, од кои две се во тешка состојба, соопшти локалната полиција.
Несреќата се случила околу 17:40 часот, додека во објектот имало 26 лица – купувачи и вработени. Спасувачките екипи веднаш пристигнале на местото на настанот, а повредените биле префрлени во болница.
Причината за уривањето засега останува непозната, а истрагата е во тек.
Лауринген се наоѓа во близина на градот Валдсхут-Тинген, на швајцарската граница.






