Југоисточен Авганистан повторно беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6,2 степени, по серијата потреси што следеа по разорниот земјотрес од 31 август, во кој загинаа над 2.200 лица, а повеќе од 3.500 беа повредени.
Најтешко погодена е провинцијата Кунар, каде десетици илјади луѓе останаа без покрив над главата.
„Немавме каде да спиеме и немавме храна. Благодарни сме за првата помош, но бараме поголема поддршка од меѓународната заедница“, изјави Бахадор Кан. „Немаме ништо, земјотресот ни ги уништи домовите, ни треба засолниште“, додаде Џан Ага.
Хуманитарните организации предупредуваат на дополнителна опасност поради недостиг од храна, лекови и засолништа.






