Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Буквално се борев за својот живот, не верував дека вирусот може така да ме покоси!

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-02-28
in Uncategorized
Буквално се борев за својот живот, не верував дека вирусот може така да ме покоси!

Фолк пејачот Благоја Грујовски за “Фокус” ја раскажува својата борба со коронавирусот, при тоа истакнувајќи дека мора да се разбие таа фама околу тоа дека младите го полесно ја прележуваат короната од постарите.

Пред десет дена заврши моето болничко лекување од корона вирус и се вратив дома. За искуството, што да ви кажам, мора да се разбие таа фама дека има правила, дека младите и здрави луѓе лесно го пребродуваат, а на удар се само старите и болните. Од сопствено искуство и од она што го видов на клиника, стереотипот не важи за вирусот – вака ја започнува за ,,Фокус” својата приказна фолк пејачот Благоја Грујовски, кој изминатиот период ја извојува битката за својот живот.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Вели дека веќе бил многу подобар, но јасно му било дека е потребно време се да се среди и да се врати на стариот живот, да го зајакне имунитетот и да продолжи таму, каде болеста го прекинала во чекор.

-Многу лекарства примив, бев хоспитализиран првин на одделение во Осми Септември, а потоа и на клиниката Аџибадем Систина, бидејќи мојата состојба беше крајно сериозна.
Целиот живот сум бил здрав како дрен, не верував дека вирусот може така да ме покоси… Од друга страна пак, мојата мајка која има 82 години, која е со хронично срцево заболување, помина со лесно. Поради годините, би рекол, таа едвај стоеше на нозе, јас одев да ја негувам пред да се инфицираме. Но, за среќа, нејзините симптоми беа лесни. Не знам дали е тоа бидејќи таа целиот живот беше здрава, дури и сега на овие години има добра крвна слика, кој би можел да каже? Поентата ми е дека мора да се разбие фамата, дека ако си млад, лесно ќе заздравиш. Нема тука правила – појаснува Грујовски.

Вели дека на клиника биле хоспитализирани и лица помлади од него, во своите дваесетти и триесетти години, со тешки симптоми.

-И со лекарите разговаравме за тоа, дека ете и науката уште нема одговори. Короната не познава виталност, и сите мора тоа сериозно да го сфатат, бидејќи е непредвидлива болест. Не се важни годините на пациентот, ниту пак во повеќе случаи, хроничните заболувања. Сите сме на удар, мораме да се заштитиме самите себе, како и заедницата. Извојував многу тешка битка, се надевам дека моето искуство ќе придонесе во подигање на јавната свест, дека секому може да му се случи, и што е најважно, нема никакви правила како ќе се одвива болеста. Да бидеме одговорни и внимателни – порача музичарот за Фокус.мк

Previous Post

Конечно Атиџе доби пристојно место за живеење благодарение на хуманост

Next Post

Што да ѝ подарите според нејзиниот хороскопски знак?

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Што да ѝ подарите според нејзиниот хороскопски знак?

Што да ѝ подарите според нејзиниот хороскопски знак?

Recommended

Денеска е Св. апостол и евангелист Марко

Денеска е Св. апостол и евангелист Марко

4 years ago

Повторно ќе се даваат субвенции за ПВЦ прозорци и за печки на пелети

5 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.