Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Европска лекција: како до „општествена лиценца“ за рудник

by
2025-09-04
in Uncategorized

Не секоја лиценца ја издава министерство или влада. Во рударството постои и дозвола што нема печат, туку се темели на доверба од заедницата. Таа „општествена лиценца“ се стекнува тешко и бара секојдневно вложување: транспарентност во податоците, технички решенија што го намалуваат влијанието и можната штета, и претворање на ветувањата во мерливи резултати. Истата оваа „лиценца“ се губи лесно. Без неа, дури и најпримерниот проект може да остане блокиран на хартија.

Малиот столб што држи голема тежина во македонската економија

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Рударството во Македонија е мал, но стабилен столб на индустријата. Последниот извештај на Државниот завод за статистика покажа дека во јули 2025 индустриското производство пораснало за 4,1% на годишно ниво, додека секцијата „Рударство и вадење камен“ паднала за 10,4%. Овие осцилации упатуваат на циклични промени, како цените на металите и енергијата, но и на структурни предизвици како квалитет на руда, стареење на постројки и повисоки еколошки стандарди.

Вредноста за домашната економија е очигледна: рударството носи стабилни приходи за општините и неколку илјади работни места, но довербата останува кревка. „Општествената дозвола“ кај нас сè уште е во развој и се надградува врз постојните законски решенија и обврски за секоја компанија. Најголемите домашни рударски оператори имаат А интегрирана еколошка дозвола, која обврзува на заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Компаниите инвестираат во локални проекти, поддржуваат спорт, училишта и стипендираат студенти, но вредноста често не е доволно видлива и мерлива за јавноста. Со други зборови, постојат добри практики, но недостасува систем што ќе ги претвори во правило, а не во исклучок.

Австрија – рударство „рамо до рамо“ со заштитени подрачја

Австрија не е „совршена“, но покажува коегзистенција: рудници што работат крај заштитени подрачја со јасни правила, транспарентност и туристичка валоризација. Волфрам Митерсил е подземен рудник веднаш до националниот парк Хое Тауерн. Клучната иновација е преработката во подземни простории на околу осумстотини метри длабочина, со што се скратуваат транспортните рути, се намалува потрошувачката на енергија и се намалува површинскиот „отпечаток“ поради помалку сообраќај, намалени бучава и прашина. Тоа е инженерски дизајн што ја носи операцијата подлабоко без ширење на траги на површината.

Рудникот за железо Ерцберг е голем терасен коп во Штаерска, сместен внатре во УНЕСКО геопаркот „Штаерска Ајзенвурцен“. Наместо класична дистинкција „индустрија“ против „природа“, таму доминира логиката да се заштити животната средина преку користење на знаењето и индустриското наследство, кои нераскинливо се поврзани со геотуризмот, јавни тури и образовни содржини. Ерцберг е долгорочен сосед на заштитено подрачје и коегзистенцијата опстојува бидејќи правилата се транспарентни, економската корист е валоризирана, а рекултивацијата се планира уште во експлоатациона фаза.

Германија: долги хоризонти, рехабилитација и мерливи обврски

Во Лужица, источна Германија, каде со децении површински се ископуваше лигнит, регионот постепено се претвора во мрежа од езера, шуми и туристичка инфраструктура. Не станува збор за импровизација, туку ова е резултат на долгорочна програма за трансформација на пејсажот и рехабилитација на теренот. „Општествената лиценца“ се потпира и на идејата дека во рударството мора да се има јасна слика што ќе биде тука по завршетокот и плански да се работи.

Во Рур и Северна Рајна–Вестфалија, RWE го гради наративот на рехабилитација со конкретни проекти. На локацијата Хамбах, по завршување на експлоатацијата се планира вештачко езеро од речиси четириесет квадратни километри, со долгорочно полнење од Рајна и подигање на подземните води, а паралелно се спроведуваат шумарски и аграрни рекултивации. Иако во минатото биле критикувани за „отпечатокот“ врз околината, сега поентата е на планот за нов пејзаж, на деталите за полнење на езерото, потребното време и еконмската валоризација преку туризам и услуги.

Дека европските држави лекции ги извлекувале од сопствените лоши искуства, покажува и долгогодишниот спор за засолување на водотеците на реката Вера, доведе до конкретна рамка за намалување на истекувањата и управување со солените води. Компанијата со еколошките организации постигна договор до крајот на 2027 постепено да се намалува испустот.

Во Лужица, операторот LEAG јавно презема обврска по завршувањето на рударските активности да го пошуми теренот, да ги уредат езерата и креираат услови за туризам.

Бугарија – технички решенија како „виза“ за општествена лиценца

Дека ова не се случува само во високоразвиените европски држави, пример е рударството во соседството. Во Бугарија рударството ја отвори новата, современа страница на користење на рудата. На пример, во рудникот за бакар и злато Челопеч, се преземени сериозни чекори за сведување на индустриски испусти на отпадни води на нула и за стопроцентно враќање на откривката под земја. Ова радикално ја намалува веројатноста за негативно влијание врз животната средина преку таканаречени „кисели дождови“. Истовремено рударската компанија ја зголемува стабилноста на масивот и ја сведува на минимум потребата од големи површински јаловишта. Овој пристап е пример за „затворени кругови“, каде што отпадот станува конструктивен материјал, а не ризик.

Во Крумовград, на Ада Тепе, наместо класичен јаловишен базен се користат сушени јаловини со интегрирано управување со води, висок степен на рециклирање на процесната вода и мал траен отпечаток. Проектот е моделиран со ограничувања, бидејќи се наоѓа во заштитената зона Натура 2000, па технологијата е избрана да го следи тој факт.

Формулата за доверба

Воспоставувањето систем на „општествена лиценца“ значи осовременување на рудниците во целина. Германските искуства покажуваат дека рехабилитацијата станува веродостојна ако е врзана за конкретни рокови и нова економска вредност по завршувањето на рударските активности. Австрија и Бугарија покажуваат дека инженерството и транспарентноста не се „меки“ теми, туку со нив се гради и инфраструктура за довербата. Ако ги земеме овие лекции сериозно, македонското рударство може да ја надмине поларизацијата и да има рудници што оставаат трага во буџетот и во локалниот развој, а не во природата.

Потпис за фотографијата:

Фотографијата е од интернет страницата на RWE и прикажува рекултивација на теренот на локацијата Хамбах

Previous Post

СООПШТЕНИЕ ОД ЈКП ТЕТОВО

Next Post

Ѓорѓиевски: Заедничка цел се фер и демократски избори

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Ѓорѓиевски: Заедничка цел се фер и демократски избори

Recommended

Гласање за недоверба во Бугарија – пресуден тест за владата на Жељасков

8 months ago

Од утре пороен дожд – Какво време ја очекува Македонија во наредниот период?

9 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.