Еден Белграѓанец остана шокиран кога неговиот нов „No Frost“ фрижидер, кој треба да спречува замрзнување, по само еден месец се претвори во мал глечер. Причината? Лубеница поставена до задниот ѕид на уредот.
Стручњаците објаснуваат дека храна богата со вода, како лубеници, краставици и дињи, кога се допира до задниот ѕид, го блокира протокот на ладен воздух, што предизвикува кондензација и создавање на лед, дури и во „No Frost“ системот.
Сопственикот го решил проблемот со поместување на храната од задниот ѕид и отстранување на ледените наслаги. Стручњаците советуваат да се остави размак од 2–3 см околу храната, редовно да се брише кондензацијата и да се внимава на оптоварувањето на моторот, за да се избегне зголемена потрошувачка на струја.
Дури и најсовремените фрижидери можат да имаат проблеми ако се користат неправилно – затоа внимавајте каде ја ставате лубеницата.







