Утре, 1 септември 2025 година, поради планирани зафати во електро-мрежата, без електрична енергија ќе бидат делови од две тетовски села.
Според најавата од ЕСМ, прекин во снабдувањето со струја ќе има:
• во село Непроштено, кај објектите кои се наоѓаат во т.н. Непроштенска Јурија,
• во село Глоги, кај објектите во близина на училиштето.
Прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот.
Надлежните апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на најавениот петчасовен прекин.





![[ВИДЕО] ДРАМА ВО БИТОЛА: Маж со нож се заканувал на Широк Сокак – полицијата брзо го уапсила](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-09-190459.png)
