На 30 август 2025 година во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 37-годишниот Н.И. од Штип. Тој, според пријава на 36-годишниот Г.Ј., поради недоразбирање за паркинг место во трговски центар, околу 19:00 часот нападнал и му се заканувал на малолетниот син на Г.Ј., кој бил заедно со своите другари.
По документирање на случајот, против Н.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.







