Руските вооружени сили изведуваат масовен комбиниран напад врз Украина, користејќи ракети „Искандер“, „Калибр“ и Х-101, како и дронови и стратешки бомбардери. Мети се објекти во повеќе градови, меѓу кои Дњепропетровск, Запорожје, Киев, Луцк, Житомир и Хмелницки.
Во Дњепропетровск цел беше фабриката „Јужмаш“, каде што избувна голем пожар. Според извештаи, нападот бил изведен во неколку бранови: прво со дронови за слабеење на противвоздушната одбрана, а потоа со ракети од воздух и копно.
Нападнати беа и украинските воздухопловни бази Озерно, Староконстантинов и Луцк, како и објекти во Харкoвската област, каде што беа погодени складишта за воена техника и гориво. Во Запорожје, голем дел од градот беше покриен со чад поради удари врз индустриската зона.
Во Киев и неговите предградија се пријавуваат сериозни оштетувања на индустриска инфраструктура, а жителите биле принудени да се кријат во метро-станици.
Нападите продолжуваат, а во повеќе украински региони е активиран режим на ракетна и дронска тревога.






