Според податоците на Центарот за управување со кризи, на територијата на Република Македонија утрово (29/30 август 2025 година, во 08:30 часот) е регистриран еден активен пожар, додека пет се ставени под контрола.
Активниот пожар е на подрачјето на општина Кавадарци, во близина на Тиквешкото Езеро, каде што е зафатена нискостеблеста шума и трева.
Под контрола се пожарите во Македонски Брод, на повеќенаменското подрачје „Јасен“, во Гевгелија на планината Кожуф, како и во општините Желино и Долнени.
Надлежните апелираат за внимателност и почитување на мерките за заштита од пожари.






