Утринава околу 05:00 часот во СВР Скопје, Б.А. (29) пријавил дека во дворот од неговата куќа во село Сарај било опожарено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко С.А. (64), информира полицијата.
Во настанот нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од пријавителот.
Полициски екипи извршиле увид на местото и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






