Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на зголемен дипломатски притисок врз Москва од страна на Унгарија и Кина за запирање на воените операции во Украина.
„Очекуваме реакција од Кина, која постојано повикуваше на мир и прекин на огнот, но сега тоа не се случува поради Русија. Исто така очекуваме јасен став од Унгарија“, изјави Зеленски на својот Телеграм канал.
Тој додаде дека страните кои порано повикувале на мир „почесто молчат отколку што заземаат принципиелни позиции“ и нагласи дека е време да се воведат „строги санкции“ против Москва.
„Сите рокови се пропуштени, десетици дипломатски можности се уништени. Русија мора да се чувствува одговорна за секој удар и секој ден од оваа војна“, заклучи украинскиот претседател.






