Германија ја воведува доброволната воена служба со можност за регрутација
Германската влада усвоила нацрт-закон со кој се воведува систем на доброволна воена служба, со можност за регрутација доколку бројот на пријавени не ги исполни предвидените цели, соопштија официјални лица.
Според планот на Министерството за одбрана, програмата предвидува шестмесечно доброволно служење во армијата, со цел зголемување на бројот на обучени резервисти од сегашните 100.000 на околу 200.000, при што се очекува дел од волонтерите да останат во активна служба.
Министерот за одбрана, Борис Писториус, нагласи дека сака бројот на припадници на Бундесверот да се зголеми од 180.000 на 260.000 до почетокот на 2030 година, со цел исполнување на новите цели на НАТО и зајакнување на националната безбедност.
Овој план е дел од пошироката стратегија за зголемување на воената потрошувачка и унапредување на одбранбените капацитети на Германија. Од 1 јануари 2026 година, сите мажи на 18 години ќе бидат обврзани да пополнат онлајн прашалник за нивните интереси, физичка спремност и способности.
Лицата кои се покажат како способни ќе бидат повикани на лекарски преглед, кој станува обврзувачки од јули 2027 година. За привлекување волонтери, Германија ќе понуди значително подобри финансиски услови.
Платата ќе биде зголемена на 2.700 евра нето месечно, што е значително повеќе од сегашните 1.840 евра. Дополнително, ќе им се обезбеди бесплатен сместување, оброци и транспорт, а оние кои ќе потпишат договор на 12 месеци можат да добијат и до 3.500 евра за возачка дозвола.






