Центарот за управување со кризи информира дека на ден 26/27 август 2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Република Македонија нема активни пожари. Регистрирани се три пожари кои се ставени под контрола.
Станува збор за пожар во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод, пожар на планината Кожуф во општина Гевгелија, како и пожар во мешана шума меѓу селата Долгаец и Стровија во општина Долнени.
Надлежните служби остануваат на терен за целосно обезбедување и спречување на можно повторно разгорување.






