Во тетовско село, 61-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзината снаа во дворот од семејната куќа. Инцидентот се случил на 23 август 2025 година околу 17:20 часот, а настанот бил пријавен во СВР Тетово.
Полицијата го документираше случајот и најави дека по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок против снаата Ф.Б. од тетовско.






