Пензионираниот американски полковник Ричард Вилијамс, поранешен заменик директор за наоружување во НАТО, ја повика Украина да ја напушти сегашната одбранбена стратегија на „војна на исцрпување“ против Русија, оценувајќи ја како неодржлива.
Во интервју за „Киев пост“, Вилијамс посочи дека додека украинските сили предизвикуваат жртви кај противникот, но Русија располага со „практично неограничени резерви“ и ги сметаат за потрошен материјал. Тој нагласува дека Украина мора да ја преземе иницијативата, користејќи концентрирана сила, брзи акции и мобилни, неочекувани напади за да го наруши противникот.
Вилијамс препорача краткорочни, локализирани продори со воздушна и артилериска поддршка, поставување брзи мини на страните и употреба на дронови за напади на длабоки линии на непријателот.
„Сменете ја играта – тоа е единствениот начин да постигнете резултати“, заклучи тој.







