Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева денеска гостуваше во утринската емисија на БТВ.
– Ниту една земја членка на ЕУ, ниту пак САД може во иднина да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ. Тие треба да разберат дека Европската Унија не функционира како Југославија. Никој не може нам да ни наложи што да правиме во Унијата – рече Захариева за БТВ.






