Рускиот претседател Владимир Путин го оцени состанокот со американскиот лидер Доналд Трамп во Алјаска како „значаен и искрен“.
– Односите со Соединетите Американски Држави се на исклучително ниско ниво, тоа повеќепати сум го нагласил. Но, со доаѓањето на претседателот Трамп мислам дека конечно почна да се појавува светлина на крајот од тунелот – изјави Путин.
Тој нагласи дека контактите меѓу Москва и Вашингтон продолжуваат преку министерствата и бизнис-заедницата, а првите чекори треба да претставуваат почеток на процесот за целосно обновување на односите.
– Планираме да го задржиме ова темпо на работа, но исходот во голема мера зависи од западните партнери – додаде рускиот претседател.
Путин воедно ги пофали лидерските квалитети на Трамп, оценувајќи ги како „добра гаранција за обнова на руско-американските односи“.






