Хутите тврдат дека го гаѓале Израел со ракета и дронови, Тел Авив не потврдува штета
Јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за денешните напади со балистичка ракета и беспилотни летала врз Израел. Тие тврдат дека ракетата го погодила аеродромот „Бен Гурион“ кај Тел Авив, а два дрона биле испратени кон цели во областа на Тел Авив и Ашкелон.
Израелската армија, пак, соопшти дека ракетата се распаднала во воздух при спуштањето, а нејзини делови паднале во централен Израел без да предизвикаат сериозна штета. Војската потврди дека пресретнала еден дрон над југот на земјата, додека вториот воопшто не стигнал до израелска територија.
Ова е дел од серијата неуспешни напади на Хутите врз Израел во последните месеци.






