Автобус од Словенија, кој превезувал 41 патник, се судрил со камион управуван од полски државјанин во близина на Минхен. Според полицискиот извештај, возачот на автобусот (49) не го забележал камионот пред него. Меѓу повредените има и патници од Косово.
Шест лица се здобиле со тешки повреди и се пренесени во болница, додека останатите 24 добиле полесни повреди и им била укажана помош во противпожарната станица во Иршенберг. На местото на несреќата интервенирал и спасувачки хеликоптер.
Камионот изгубил дел од товарот, што довело до затворање на автопатот А8 кон Минхен до три часот утрово. Вкупната материјална штета се проценува на околу 150.000 евра. За патниците е обезбеден резервен автобус, а истрагата за причините за несреќата продолжува.







