Полицијата поднесе кривична пријава против 58-годишниот С.П. од Охрид, со престој во општина Вевчани, вработен во ЈП „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ во Струга. Тој се сомничи за злоупотреба на службена положба и овластување, со што го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари.
Според МВР, пријавениот како референт за превоз издавал испратници спротивно на законските прописи и без претходно издадени одобренија за сеча. Со тоа им овозможил на физички лица да се стекнат со имотна корист, а на претпријатието му нанесол штета во износ од 506.850 денари, како и на Буџетот на државата во делот на ДДВ и проширена репродукција на шумите.






