Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху заслужува статус на „воен херој“ и дека и самиот се вбројува меѓу нив, поради одлуката да се испратат американски бомбардери кон иранските нуклеарни постројки.
Во интервју со радио-водителот Марк Левин, Трамп истакна дека тесно соработувал со Нетанјаху околу ослободувањето на заложниците и го пофали израелскиот премиер како „добар човек и се бори таму“, пренесе Newsweek.
„Тој е воен херој, бидејќи работевме заедно. Претпоставувам дека и јас сум“, додаде Трамп.






