Тетово, 19 август 2025 – Утре, 20 август, дел од градот Тетово и неколку тетовски села ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати, информираат од ЕВН.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат објектите на улица „Цветан Димов“ во Тетово. Истиот ден, од 09:00 до 14:30 часот, прекин ќе има и во делови од селото Стримница, додека жителите на селото Чифлик ќе бидат без електрична енергија од 09:00 до 14:00 часот.
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски и да имаат предвид дека станува збор за планирани прекини со цел подобрување на електро-мрежата.






