Градот Скопје известува дека од утре, 19 август 2025 година (вторник), ќе започне терестрична дезинсекција против возрасни форми и ларви од комарци на подрачјето на градот.
Прскањето против возрасни форми ќе се изведува од 19.08 до 22.08.2025 година, во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден, додека третманот против ларви ќе се врши во текот на еден од овие денови.
Ако временските услови не дозволуваат изведување на дезинсекцијата, акцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со поволни услови. Градот ги известува пчеларите да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.







