„Њујорк тајмс“ објави дека за време на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, рускиот лидер Владимир Путин инсистирал на гаранции за официјално признавање на рускиот јазик во Украина и заштита на руските православни цркви.
Според извори од Белата куќа, Путин побарал рускиот јазик повторно да стане службен јазик во Украина и да се обезбеди безбедност на руските православни цркви. Трамп, од своја страна, се надева на трилатерална средба со Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но Путин засега ја отфрлил средбата со Зеленски, нарекувајќи го „нелегитимен претседател на вештачка држава“.
Извори наведуваат дека Трамп се откажал од барањето за итен прекин на огнот и смета дека брз мировен договор би бил возможен ако Зеленски се согласи да ги отстапи неокупираните области на Донбас на Русија. За возврат, Путин предложил прекин на огнот во остатокот од Украина по сегашните линии на фронтот и писмено ветување дека повеќе нема да ја нападне Украина или било која европска земја, иако извори предупредуваат дека рускиот лидер често ги прекршува ваквите ветувања.
Украинскиот претседател Зеленски утре ќе отпатува во САД за продолжување на разговорите. Войната во Украина започна на 24 февруари 2022 година.







