Денеска, 17 август 2025 година, околу 03:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 27-годишен државјанин на Турција, Е.Ц., пред угостителски објект во Старата чаршија.
Според информациите, лицето агресивно се однесувало и го нарушило јавниот ред и мир. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.






