Големи пожари се активни во повеќенаменското подрачје Јасен, Општина Македонски Брод, каде е зафатена мешана шума.
До утрово се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор – два се активни, еден е под контрола, а 24 се целосно изгаснати. На терен се противпожарни екипи, механизација и волонтери, а ветерот дополнително ја отежнува гаснењето на огнот. Жителите од околните села се на предупредена готовност за евакуација.






