Со слоганите „Ние не сме вреќи за удирање“ и „Ги натеравте децата да клекнат пред нас, затоа народот ќе застане за вас“, протестите синоќа продолжија низ повеќе српски градови.
Во центарот на Белград беа фрлани ракетни факели, а жандармеријата се прегрупираше и се качи на оклопни возила. Репортерка на Н1 јави дека огнометите експлодирале буквално под нозете на полицијата, додека кон нив летале шишиња и предмети. Според првичните информации, најмалку едно лице е повредено.
Немири имаше и во Лозница, каде полицијата во опрема за нереди ја евакуираше пејачката Јелена Карлеуша од концерт, откако група граѓани протестираа и се обидоа да се приближат до сцената.
Građani prekinuli koncert Jelene Karleuše, koju je evakuisala policija. pic.twitter.com/UCH64IJbes
— Ćutanje nije zlato (@nije_zlato) August 15, 2025
![[ВИДЕО] Турбулентна ноќ во Србија: Ракети во Белград, Карлеуша евакуирана од концерт](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/08/screenshot-2025-08-16-105111.png)





