Ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје настана вистински хаос поради дојава за поставена бомба, која подоцна се покажа како лажна. Поради безбедносните проверки летовите беа привремено стопирани, но веќе од утрово аеродромот функционира нормално.
Министерството за внатрешни работи информира дека пријавата била добиена денеска (16 август) во 02:41 часот на бројот 112. Во повикот било наведено дека во авион кој требало да полета за Турција е поставена експлозивна направа. Веднаш биле активирани специјализираните антитерористички единици, кои извршиле детална проверка и утврдиле дека станува збор за лажна дојава.
По неколку часа блокада, околу 06:00 часот, аеродромот повторно преминал на редовен режим на работа.
Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое ја упатило лажната дојава.







