Вечерва на местото каде што изби голем пожар во околината на Јажинце, увид направија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пратеничката Валентина Марчевска и пратеникот Александар Велјановски.

Голема благодарност беше изразена кон пожарникарите и местното население, кои деноноќно се на терен и вложуваат максимални напори да го стават пожарот под контрола.







