Трамп: И Украина и Русија ќе мора да отстапат територии за мир
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделник дека и Киев и Москва ќе мора да отстапат дел од своите територии за да се стави крај на војната во Украина, додавајќи дека претстојните разговори со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела веднаш ќе покажат дали Кремљ е подготвен за договор.
Европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски планираат да разговараат со Трамп пред неговиот самит со Путин во петок на Алјаска, поради стравувања дека Вашингтон би можел да наметне мировни услови неповолни за Украина.
Иако Трамп ја заостри реториката кон Москва со испорака на дополнително американско оружје за Украина и закана за воведување царини за купувачите на руска нафта, во Европа остануваат сомнежи дека би прифатил договор кој од Киев би барал значителни отстапки, јавува „Ројтерс“.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека „трансатлантското единство, поддршката за Украина и притисокот врз Русија“ се клучни за завршување на војната и „спречување на идни руски агресии во Европа“.
Британскиот премиер Кир Стармер, по разговорите со канадскиот премиер Марк Карни, соопшти дека дипломатските напори за постигнување мир мора да се градат со Украина, а не да ѝ се наметнуваат.






