Центарот за управување со кризи информира дека во периодот од 11 до 12 август 2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Република Македонија биле евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор.
Од нив, еден пожар е сè уште активен – во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во Општина Македонски Брод, каде гори мешана шума. Под контрола е пожарот помеѓу селата Челопеци и Миокази во Општина Кичево, а 14 пожари се изгаснати во повеќе општини низ земјата.






