Регулаторната комисија најави поевтинување на нафтените деривати од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги информира дека од вечерва, со почеток од полноќ, ќе стапат во сила нови, пониски цени на нафтените деривати. Намалувањето се однесува на сите видови горива, при што најголемо поевтинување е забележано кај екстралесното масло за домаќинство.
Според новиот ценовник, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се намали за 0,5 денари по литар и ќе изнесува 74,5 денари. Исто толку поевтино ќе биде и ЕУРОСУПЕР БС-98, чија цена ќе биде 77 денари за литар.
Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 1 денар и ќе се продава по 68,5 денари за литар. Најголемото намалување е кај екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое поевтинува за 1,5 денари, па новата цена ќе изнесува 68 денари по литар.
Цената на мазутот М-1 НС бележи благо намалување од 0,2 денари и од утре ќе се нуди по цена од 39,9 денари за килограм.
Од Регулаторната комисија објаснуваат дека измените во цените се последица на движењата на референтните берзански котации на нафтените деривати во последните седум дена.






