Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас го оцени како апсолутно неприфатливо израелското преземање воена контрола врз појасот Газа, јави агенцијата Анадолу.
Според турската Дирекција за комуникации, двојката разговарала за израелските напади врз Газа и тековните настани во регионот.
Ердоган повтори дека Турција ќе продолжи цврсто да ја поддржува Палестина и истакна дека изјавите на Франција, Велика Британија и Канада за можна поддршка и признавање на палестинска држава се значаен сигнал.
Тој додаде дека на Западот расте бројот на критики кон Израел и дека Турција ќе продолжи со своите дипломатски напори за постигнување мир во регионот.







