Израелската воена агенција задолжена за координација на хуманитарната помош соопшти дека во изминатата недела, преку премините Керем Шалом и Зиким, се собрани и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со помош за Газа.
Од нив, повеќе од 1.310 превезувале прехранбени производи, пренесе „Тајмс оф Израел“. Агенцијата, која е дел од израелското Министерство за одбрана, нагласи дека ќе продолжи да го олеснува доставувањето помош до цивилното население, „но не и до Хамас“.







