Тргнал маска пошо не можел да дише, џандари го приведуваат и човекот им умира.
Толку од МВР, па дури се обидувале и да прикријат. Од полиција прераснаа во роботи, лихвари и приватна партиска армија -пишува граѓанин на Твитер.
Реакции има многу за човекот во Велес кој почина откако полицијата му пишала казна заради неносење маска, која ја извадил затоа што не можел да диши.
З.П. (1960) вчера бил приведен во ПС Велес за неносење маска и околу 14.00 часот од доживеаниот психички стрес му се слошило. Откако интервенирала Брзата помош, тој починал на патот кон скопските болници.







