Сигнали за „замрзнување“ на војната?
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека пауза во војната во Украина може да е блиску.
„Постојат одредени сигнали и интуиција дека се приближува замрзнување на судирите – не крај, туку пауза“, изјави Туск по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој изрази надеж за ваков исход, пренесе Ројтерс.
Украинскиот претседател Зеленски синоќа истакна дека разговарал со италијанската премиерка Џорџа Мелони за деталите од последните контакти со други европски лидери, нагласувајќи дека постои согласност за начините на постигнување мир во Украина.






