Во општина Чаир денеска свечено ќе биде отворен новиот објект „Бамби“ на детската градинка „Фидани“, кој, според општината, има најголем капацитет за згрижување и рано детско образование во целата држава.
„Со овој настан го потврдуваме институционалниот ангажман за подобрување на условите за рано образование и за унапредување на јавните инвестиции во раниот детски развој,“ се наведува во соопштението од Општина Чаир.
На отворањето ќе присуствуваат првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.






