Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Напнатост на Арктикот: САД следи можно руско нуклеарно тестирање

by
2025-08-06
in Uncategorized

Американски воен авион специјализиран за откривање нуклеарни тестирања во атмосферата беше забележан во вторникот во близина на стратешки руски нуклеарни бази на северозападот од Русија, во период кога Москва официјално се повлече од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (INF) од 1987 година.

Авионот WC-135R Constant Phoenix, познат и како „нуклеарен њушкало“, полетал од британската база RAF Mildenhall, по што се движел северно од Норвешка и кружел над Баренцово Море, во близина на Мурманск и архипелагот Нова Земја, пред повторно да се врати во Обединетото Кралство по речиси 14 часа лет, покажуваат податоци од Flightradar24.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Регионите во северозападна Русија, особено околу Мурманск, се дом на неколку стратешки бази и на моќната Северна флота, која има значајна улога во рускиот нуклеарен арсенал.

Сомнежи за ново тестирање на нуклеарна ракета

Воени аналитичари укажуваат дека летот на WC-135R е можеби поврзан со можен тест на руската нуклеарна крстосувачка ракета 9M730 „Буревесник“. Овој проектил, кој е на нуклеарен погон и може да носи нуклеарна боева глава, е дизајниран да лета на речиси неограничени растојанија и да избегнува западни одбранбени системи.

Според аналитичарот Декер Евелет од CNA, полигон за тестирање во Панково на Новој Земји е „активен“, а објави од последниве денови покажуваат дека таму би можело да се подготвува нов тест.

WC-135R, авион кој се користи од 1960-тите години за мерење радиоактивност во атмосферата, е дел од програмата за надзор на нуклеарни тестирања согласно договорите за неширење на нуклеарно оружје.

INF договорот – историја и распад

Договорот INF, потпишан во 1987 година од американскиот претседател Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов, забрануваше ракети со домет од 500 до 5.500 километри. Но, САД се повлекоа од договорот во 2019 година, тврдејќи дека Русија го прекршила со развој на проектилот 9M729 (SSC-8).

Оттогаш, обете страни го обвинуваат противникот за нарушување на договорот, а денес и САД и Русија веќе распоредуваат ракети кои би биле забранети според INF.

Нов бран нуклеарна реторика

Последните недели беа обележани со размена на остри пораки помеѓу поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев и актуелниот американски претседател Доналд Трамп. По заканувачки објава на Медведев, Трамп изјави дека ќе распоредат две нуклеарни подморници „како одговор на провокативниот јазик од Москва“.

Медведев во објавата алудираше на таканаречениот руски систем „мртва рака“, дизајниран да лансира нуклеарен напад дури и ако руското раководство биде уништено.

Од Кремљ се дистанцираа од ваквите изјави, повикувајќи на смиреност: „Сите треба да бидат многу внимателни со нуклеарната реторика“ – предупредија од Москва.

Previous Post

Воен хеликоптер се урна во Гана – загина министерот за одбрана

Next Post

Киев: Русија ја зголемува употребата на авионите Су-57 во нападите врз Украина

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Киев: Русија ја зголемува употребата на авионите Су-57 во нападите врз Украина

Recommended

По шест години застој, Охридското езеро се порибува со над милион охридски пастрмки

4 months ago
Пребројувањето заврши – Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск слават за припојување кон Русија

Пребројувањето заврши – Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск слават за припојување кон Русија

3 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.