Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Швајцарска енергетска приказна– хидропотенцијалот во хармонија со заштитената природа

by
2025-08-05
in Uncategorized

Струјата е неопходна во современото живеење. За жителите во развиените европски економии незамисливо е да не може да се вклучи сијалицата. Тоа се третира како прашање на енергетска независност за секоја држава, но и јавен интерес од највисок приоритет. Одличен пример е Швајцарија каде хидроцентрали се градат и во заштитени зелени подрачја, а и невладиниот „зелен“ сектор се согласи на компромис за тоа што струјата е општо добро. 

Швајцарија го обезбедува речиси целото зимско снабдување од своите планини, а над 1 400 мали хидроелектрани сочинуваат клучен дел од тој штит. Тие носат околу 10 % од националната електрична енергија, ја стабилизираат мрежата кога има пикови, но уште поважно обезбедуваат струја во предели каде другите инфраструктурни решенија се економски неисплатливи. Новите анализи покажуваат уште 1,5 TWh неискористен потенцијал што може да се мобилизира без изградба на нови брани, односно со изградба на мали хридроцентрали. Новата стратегија се темели на две идеи: модерни runofriver постројки со постојан екопроток и минитурбини инсталирани на веќе постоечки водоводни цевки, каде речиси нема влијание врз природата

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Ова е рецептот на Швајцарија кон поголема енергетска слобода и општо добро за целото општество.

Швајцарскиот енергетски портрет

Швајцарија добива околу 60 % од целата електрична енергија од вода, со мрежа од 704 централи поголеми од 300 kW што испорачуваат просечно 37 TWh годишно. Во таа бројка влегуваат и над 1 400 мали хидроелектрани (МХЕ) – постројки до 10 MW – кои носат нешто под 10 % од националната електрична енергија и се третираат како критичен дел од стратегијата „Енергетика 2050“. 

Значаен дел од производството се потпира и се активните 4 нуклеарки, кои Швајцарија планира да ги исклучи кога повеќе нема да ги исполнуваат сторгите безбедносни услови. Според планот до средината на 2040-тите тие треба да бидат демонтирани, а расходот е покриен преку федерални фондови за расклопување и радиоактивен отпад. Гасењето ќе отвори празнина од околу 35 % во базната моќност, па владата во Берн (сојузната престолнина) се свртува кон соларни паркови, ветерници, складишта и над 1400 мали хидроелектрани за да го задржи зимското снабдување и енергетската независност.Државата има донесено одлука да нема градење на нови реактори.

Строги правила за изградба на мали хидроцентрали

Швајцарската Федерална канцеларија за енергија пресмета дека со додавање на нови пико и минитурбини може да се генерираат плус 500 GWh.

Новите шпвајцарски правила точно ги дефинираат условите за иградба на малите хирдоцентрали. Runofriver моделот ја „позајмува“ водата преку мал довод и веднаш ја враќа во коритото, задржувајќи биолошки минимум проток. При тоа се налага автоматско следење на нивото на кислород, температура и миграција на рибите, со дигитални сензори поврзани во национална база на податоци. Оваа пракса е веќе присутна и во Австрија, каде над 40 % од малите хидроцентрали се вградени во национални паркови – доказ дека строгите стандарди функционираат.

Во време на растечки ценовни шокови и климатски предизвици, тоа е рецепт што не ја чини природата, а ја спасува сметката – модел што секоја планинска земја може да го препише, со точна доза и без несакани реакции.

Само за споредба Македонија како планинска земја, има реки со слични хидролошки шареници: низок летен проток, со зголемен проток на вода во студените месеци. Ако Македонија ја примени швајцарската формула – додавање микротурбини на водоводни линии може да добие стабилен зимски прилив и да падне под границата од 10 % увоз. 

Мала хидро централа – голема корист во зима

За швајцарските Алпи важи двојна регулација: Законот за води пропишува минимален еко-проток, додека кантоните додаваат обврзни рибни патеки и дигитален мониторинг на кислород и температура. Ако сензорите јават отклон, турбините автоматски се гасат. Затоа и во UNESCO-регистрираниот регион Гринделвалд може да работи Kraftwerk Jungfraubahn, хидроцентрала со инсталирана моќност 12 MW и годишен излез од околу 60 GWh без да се наруши статусот на заштитена зона 

Швајцарскиот рецепт инсистира на „реставрација пред експанзија“: прво се реновира старото, па се додава ново само на постојна инфраструктура. Така и оваа хидроцентрала во 2024 г. беше надградена со нов водозафат и подземен цевковод, согласно со програмата за модернизација според критериумите „Енергетика 2050“.

Наместо мораториум, федералната влада и кантоните нудат грантови и поволни заеми за сите МХЕ-проекти што доказно ги исполнуваат еколошките услови и кога еднаш ќе добијат зелено светло, малите централи уживаат поддршка, а не јавна стигма.

„Јунгфрау“ – чиста струја за ски-центар и соседни општини

Во долината Литшентал во кантонот Берн се наоѓа и малата хидроцентрала изградена во 1908 година. Денес во електраната работат две Пелтон-турбини што годишно произведуваат околу 60 GWh електрична енергија, што е доволно за шинските линии, ски-инфраструктурата на „Јунгфрау“ и за соседните општини во регионот. Во лето, топењето на глечерите создава вишок кој се пласира во националната мрежа, а во зима, централата обезбедува дел од непрекинливата енергија за системите за вештачки снег, со што ски-центарот ја намалува зависноста од електричната енергија да ја купува по високи цени на европските берзи. 

Паралела со македонската дебата

Во Македонија малите хидроцентрали често се етикетираат како „еколошка катастрофа“. Но Швајцарија покажува дека истите технологии можат да функционираат дури и во UNESCO-зони – ако се проектираат со еко-проток, рибни патеки и јавен мониторинг. Земјава, која и натаму увезува 700 GWh годишно струја, би можела да ги адаптира швајцарските стандарди: строга проценка по локација, транспарентни податоци во реално време и обврска за локален развој, наместо генерална забрана.

Швајцарија не гледа на малите хидроелектрани како на проблем, туку како на фин инструмент за енергетска сигурност и регионална економија, дури и во најзаштитените делови од Алпите. Клучот е во деталното планирање, дигиталниот надзор и фер распределба на бенефитите. Дебатата што ја води Македонија не треба да заврши со „да“ или „не“ за МХЕ, туку со прашањето: кое е најдоброто швајцарско правило што можеме да го пресликаме кај?

Previous Post

ВЛЕН: Блерим Беџети – Архитектот на неказнивоста за злосторствата врз Албанците

Next Post

Претрес во Скопје запленети околу 100 грама кокаин

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Претрес во Скопје запленети околу 100 грама кокаин

Претрес во Скопје запленети околу 100 грама кокаин

Recommended

Серија земјотреси регистрирани на грчкиот остров Евија

Серија земјотреси регистрирани на грчкиот остров Евија

7 months ago
Дневен хороскоп за среда – 7 мај: Оваа среда ќе биде среќна за овие хороскопски знаци

Дневен хороскоп за недела – 10 август: Еден хороскопски знак денес го очекуваат сериозни проблеми со партнерот, но и финансиската ситуација

4 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.