23 пожари на отворен простор – 4 сè уште активни
Според податоците на Центарот за управување со кризи, заклучно со утрово (03/04 август 2025 година до 07:00 часот), на територијата на Република Македонија се евидентирани вкупно 23 пожари на отворен простор.
Од нив, четири се активни, и тоа во општините Чашка, Липково, Студеничани и Македонски Брод. Под контрола се два пожари во општините Долнени и Желино, додека дури 17 пожари се целосно изгаснати, меѓу кои во Берово, Прилеп, Сарај, Струмица, Куманово и други региони.
Надлежните служби се на терен и продолжуваат со активности за локализација и целосно гаснење на преостанатите огнени жаришта.







